Македонија може да биде горда: Целта е исполнета – имавме ЕУРО по сите стандарди (ФОТОГАЛЕРИЈА)

169

СПОРТМЕДИА во Љубљана, Марија Ковачева

Европското првенство и официјално завршува утре. Во Љубљана ќе се води битката за златниот медал, а таму силите ќе одмерат Норвешка и Данска, додека претходно во борбата за третото место ќе се сретнат Франција и Црна Гора.

Пред главниот ден во салата „Стожице“ се одржа прес-конференција по повод ЕУРО 2022 година. На истата првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов им се зблагодари на челниците на ЕХФ за довербата, како и на сите кои беа вклучени во процесот на големото натпреварување, кое на Македонија и се случи по вторпат во историјата.

Женскиот ракомет доби импулс, кој треба само да се негува. Нашите девојки благодарение на РФМ, кои го прифатија предизвикот го облекоа „црвено-жолтиот“ дрес на едно натпреварување како што е ЕП.

Мукаетов заедно со останатите домаќини на ова ЕУРО 2022 го предадоа домаќинството на Норвешка, Данска и Шведска, кои ќе го организираат ЕП 2024 година.

Македонија има право да биде горда, бидејќи се покажа како одличен домаќин, сето што беше поставено како цел – беше исполнето.

ПретходноПријателски: Работнички подобар од второлигашот Вардар, Струга ТЛ поразена од Воска!
СледноУ-18: Со убедлив триумф и се одмаздивме на Словачка!