Еден од најдобрите српски фудбалери Александар Митровиќ пука од оптимизам пред стартот на Мундијалот во Катар. Тие во подготвителен меч го совладаа Бахреин со 5:1 и сега се спремаат за најтешкото – мечевите во групата и еден од ривалите им е славниот Бразил.
На прашањето дали знае што пишуваат Бразилците за Србија, тој одговори:
„Многу ми е гајле што размислуваат Бразилците. Фокусот е на нас без оглед кој е ривалот. Што би се рекло – Бразилците имаат крилја, летаат ли…? Ниту зборувавме за нив, ниту се плашиме. Мислиме за себе и знаеме дека ако сме на ниво, можеме да играме со било кој“, изјави Митровиќ.