Попладнево во пријателски натпревар, кој се одигра на игралиштетото на Алумина во Скопје, Работнички со 2:1 го победи второлигашот Вардар.
Гандо уште во 2.минута му донесе водство на прволигашот, Величковски во 58.минута израмни на 1:1, за да Марио Станковски со гол во 74.минута му донесе триумф на Работнички.
Во Охрид пак, на СРЦ „Билјанини Извори“, Воска Спорт со 4:2 успеа да го победи комбинираниот состав на Струга Трим Лум. Лидерот во ПМФЛ на полувремето водеше со 0:1, но сепак на крајот загуби. Стрелци на головите за Струга ТЛ беа Таири од пенал и Мухарем.
Во Турново, каде што се играше натпреварот, екипата на Детонит Плачковица со 3:2 успеа да ја победи А.Пандев.
Во Струга пак домашниот состав на Караорман со 1:0 го победи Охрид.