Манчестер Јунајтед ќе продолжи да го засилува својот тим во 2023 година бидејќи има за цел да го достигне врвот под водство на менаџерот Ерик тен Хаг. Англиските весници денеска пишуваат дека за време на паузата за СП во Катар, во клубот се прави стратегија за она што следува и во сезоната 2023/24.
Според некои најави, неколку играчи веќе се нашле на списокот на непожелни за следната сезона и Манчестер Ј. од нив ќе мора да се „отараси“ на лето. Станува збор за пет фудбалери.
Прв на листата е Кристијано Роналдо, а по него и Фред, Хари Мегваер, Дони ван де Бек, Арон Ван-Бисака и Фил Џонс. Со сите овие фудбалери соработката ќе биде завршена по завршувањето на тековната сезона.