Каков меч во „Стожице“: Олимпискиот првак на колена, бронзата за Радичевиќ и Црна Гора

276

СПОРТМЕДИА во Љубљана, Марија Ковачева

Одличен вовед на финалето дадоа Црна Гора и Франција. Кој би рекол дека оваа средба ќе биде одлучен после продолженија, особено по првата средба во Скопје, која актуелниот олимписки првак ја доби без проблем.

Мотивот беше голем на двете страни, а „лавиците“ не се предадоа, напротив го извадија максимумот од себе. На крајот сосема заслужено по продолжение славеа со 27-25 и дојдоа до првата бронза на Европските првенства.

За разлика од првиот меч во Скопје, Црна Гора беше рамноправен противник во првото полувреме, не им дозволи на Французинките лесно да го решат овој дуел. Актуелниот олимписки првак поведе со 1-3, но веднаш следеше одговор. Црна Гора врати со серија од 7-3 и поведе со 8-6, нешто подоцна имаше 10-8 и 11-9. На одморот резултатот беше 13-12 во корист на црногорските ракометарки, Франција не изгледаше така моќно како претходно.

Црна Гора не падна, со добра одбрана и уште подобар напад продолжија во добро темпо, одржуваа три гола разлика, но по последните 20-17 влегоа во криза. На голот и на оваа средба беше одлична Батиновиќ Радичевиќ доби исклучување, а во нападот тешко одеше. Актуелниот олимписки првак тоа максимално го искористи, со серија од 20-21 го врати водството.

Радичевиќ од седум метри ги разбуди своите соиграчи, реализираше за 21-21, по нереализираниот напад на Франција, Јауковиќ зголеми на 22-21. Грбиќ во самиот финиш доби црвен картон, откако нејзината селекција не успеа да искористи напад за победа, се обиде да го попречи нападот на противникот и беше исклучена. Дуена Зааби реализираше пенал за 22-22.

Батиновиќ во првото продолжение продолжи да биде еден од главните клучните играчи, а Јованка Радичевиќ на стартот на второто продолжение реализираше седмерец за 25-23. Црна Гора водеше и со 26-24, Франција промаши седмерец, веќе немаше време за кам-бек.

На крајот сосема заслужно признанието за играч на мечот го доби Батиновиќ, која запиша 12 одбрани. Радичевиќ и Јауковиќ имаа по шест гола. На другата страна Луси имаше четири погодоци.

ПретходноСтруга со убедлива победа среде Прилеп!
СледноТажно: Катарците побегнаа, не можеа да го гледаат срамот на својата репрезентација! (ФОТО)