Денеска стартува Мундијалот во Катар. Натпреварување кое ќе го „тресе“ светот цел месец. Светските првенства во фудбал по правило се најзначајните, најгледаните спортски манфифестации во светот, погледани дури и од Олимписките игри.
Кога сме кај Мундијалот во Катар, кој рековме дека стартува денеска, да кажеме дека ќе има пет нови правили кои ќе се применуваат за првпат.
А тие се:
-Ова ќе биде прво СП на кое ќе селекторите ќе имаат право на пет замени
-За првпат на мундијалите селекторите можеа да повикаат 26 играчи место досега како што беше 23
-На голманите при изведување на пеналите ќе мора барем едната нога да им биде на гол – линијата
-Новина е тоа што на ова СП во Катар ќе се применува и полуавтоматски офсајд
-И за првпат на првенствата ќе има и жени судии