Радичевиќ: Од сабајле плачам, ми беше многу тешко да играм

912

Јованка Радичевиќ плачеше во Подгорица, плачеше во Љубљана, а имаше и свои причини. Некогашната ракометарка на Вардар, се збогуваше со репрезентацијата со медал.

„Ова беше најтешкиот ден во мојата кариера. Од сабајле плачам, ми беше многу тешко да играм. Фала му на Бога што ме награди за сите години што ги дадов на ракометот. Не можев да посакам подобар крај, благодарение на девојките, кои ми ветија дека мојот последен танц нема да заврши без медал“, рече Радичевиќ, со посебна благодарност до фановите:

„Ви благодарам што не носевте од Подгорица, преку Скопје, до Љубљана. Тие навистина беа нашиот главен адут. Горда сум на секој од нив. Им благодариме на оние кои не веруваа во нас, тие ни беа инспирација“.

Пред десет години Црна Гора освои европско злато во продолженија во Белград, вечерва стигна до бронза во дополнително време, медал кој се чекаше цела деценија.

„Се ми се врати, мислев дека медалот мора да биде наш. Видов во очите на сите нас дека не можеме да изгубиме, дека ова е наше“.

ПретходноБез промени на врвот: Норвешка по пресврт преку Данска до деветтата европска круна!
СледноЛудиот Енер: Рекордер кој и избега на полицијата со возило за прва помош!