ФИФА не и дава на Англија да носи капитенска лента со боите на виножитото

288

ФИФА ѝ забрани на англиската фудбалска репрезентација да носи капитенска лента со пораката „One Love“ за антидискриминација за време на Светското првенство во 2022 година.

Во пресрет на првиот натпревар на турнирот против Иран, Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) доби одговор од ФИФА. Организацијата соопшти дека нејзините правила не дозволуваат Хари Кејн да ја носи лентата One Love. ФА се разочарани од оваа одлука.

Некои тимови кои се согласија да ја носат лентата One Love во Катар стравуваат дека капитенот може да биде исфрлен од теренот веднаш по почетокот на натпреварот, иако тоа се уште не е потврдено од ФИФА.

ФИФА соопшти дека мора да одобри какви било промени на дресовите што играчите ги носат на теренот.

ПретходноУште едно специјално признание за РФМ и Мукаетов од ЕХФ (ФОТО)
СледноФренки де Јонг: Се гледам себе си во Барселона во следните 8-10 години