Англија ќе добие 13 милиони фунти доколку стане светски шампион, но најголемиот бонус ќе имаат Бразилците

170

Селекцијата на Англија ќе подели вкупно 13 милиони фунти од наградниот фонд доколку успее да го освои Мундијалот во Катар. Според „Дејли Мејл“, бонусот е двојно поголем од она што на тимот му беше ветено за претходниот Мундијал. Селекторот на „Трите лава“ Герет Саутгејт ќе добие три милиони плус од годишната плата од шест милиони фунти доколку ја води Англија до трофејот.

Според истиот извор, англискиот бонус е идентичен со оној на репрезентациите на Германија и Белгија. Сепак, Бразилците можат да ја добијат најголемата финансиска награда. „Дејли мејл“ не ја спомена точната сума, но рече дека средствата за бонусот ќе дојдат од договорот со Најк за дресот на Бразил, според кој бразилската федерација добива околу 30 милиони годишно.

Инаку, според наградниот фонд на ФИФА, победникот на СП 2022 ќе добие 35 милиони фунти (40 милиони евра), а вицешампионот 25 милиони. Но, овие пари одат кај соодветните федерации кои сами одлучуваат колкав процент од нив ќе одвојат како бонуси за играчите и тренерите.

ПретходноНовак: Знам како е да немаш ништо, секој долар, секое евро е заработено со многу пот, со многу солзи!
СледноМакедонија води: Елмас изнуди пенал, Барди ја тресе мрежата (видео)