Атланта после трилер завршница го урна Торонто (ВИДЕО)

95

Кошаркарите на Атланта на домашен терен го совладаа Торонто во драматична завршница. Репотрси на две и пол минути до крајот на мечот имаа предност од девет поени, не го искористија ниту последниот напад за победа, па оваа средба беше решена во продолжение, а таму Еј Џеј Грифин со осум поени донесе триумф од 124-122.

Јанг со 33 поени и 11 асистенции беше најдобар кај домашниот тим, на другата страна Барнс имаше дабл-дабл од 29 поени, 11 скока, на сето ова додаде и девет асистенции.

Резултати: Алтанта – Торонто 124-122, Индијана – Орландо 114-113, Филаделфија – Минесота 109-112, Портланд – Јута 113-118, ЛА Клиперс – Сан Антонио 119 – 97.

ПретходноБензема со емотивна објава: Никогаш не се откажувам, но сега мора да го препуштам местото!
СледноМакедонијо, време е за победа!