Белгија без Лукаку на првите два меча на СП

60

Напаѓачот на белгиската репрезентација Ромелу Лукаку ќе ги пропушти првите два натпревари во групата од Светското првенство. Фудбалерот на Интер има повреда која се уште не е залечена, па тој ќе одмара на мечевите со Канада (23 ноември) и Мароко (27 ноември).

Прогнозите се дека Лукаку ќе биде спремен за последниот меч од групата против Хрватска на 1 декември, со надеж дека ќе продолжи и во елиминациите, доколку „Црвените ѓаволи“ се пласираат таму.

 

ПретходноУ-19: Норвешка иако играше речиси цел меч со играч помалку беше пресилна за Македонија!
СледноНишто ново во Ф1: Верстапен стигна до 15-та победа сезонава