Деветта титула за Норвешка или четврта за Данска?

133

СПОРТМЕДИА во Љубљана, Марија Ковачева

Пред Норвешка да биде доминантна сила во ЕХФ ЕУРО, тоа беше Данска – а сега двете скандинавски земји се среќаваат во првото финале една против друга. Ова ќе биде нивно петто соочување во битката за златниот медал.

Норвешка ја бара својата деветта титула на ЕХФ ЕУРО, додека Данска се стреми кон својата четврта. Денешното финале кое закажано со почеток во 20:30 часот во Арената „Стожице“ во Љубљана е реприза, секако поинаква од главната фаза, но и од рани финалиња во историјата на шампионатот.

„Очекувам изедначен и тесен натпревар. Игравме три пати оваа година и сите резултати беа многу блиски. Се надевам дека ја научивме лекцијата од последниот натпревар. Нема големи тајни меѓу двата тима“, изјави норвешката голманка Катрине Лунде.  

Последен пат токму во битката за трофејот се сретнаа во 2004 година, победата ја однесе Норвешка која славеше со 27-25, две години претходно пак финалето го доби Данска. Норвежанките кои се актуелни бранители на титулата имаат уште една победа против данските ракометарки, во 1998 година, додека пак првата пресметка меѓу овие две селекции завршила на сметка на Данска, истата датира од 1996 година.

„Знаеме дека ќе биде навистина, навистина тежок натпревар, Норвешка беше во ваква ситуација, во финалето, толку многу пати – исто така во низа, тие се навикнати на тоа, а ние не сме. За нас е сосема ново да бидеме во финалето, но ние се радуваме и ќе дадеме се од себе, и ветувам на мојата земја“, изјави централниот бек на Данска, Кристина Јоргенсен. 

Претходно во битката за златниот медал, Франција ќе се сретне со Црна Гора, меч кој е закажан во 17:45 часот. Ова ќе биде последна средба за Јованка Радичевиќ во националниот дрес.

ПретходноПознат е стартниот состав: Дориев, Нестор, Елмас во нападот, на голот Шишковски…
СледноНовак: Знам како е да немаш ништо, секој долар, секое евро е заработено со многу пот, со многу солзи!