Селекторот на Азербејџан, Џани Де Бјази зборуваше за мечот со Македонија и импресиите од тоа што го виде на теренот.
„За жал почетокот не го одигравме добро. Посебно бевме лоши во првите 15 минути. Следуваше пенал за Македонија. Момците ми рекоа дека не било пенал и дека немало контакт. Сепак, ние ги искористивме нашите шанси, а Македонија не, па мислам дека заслужено победивме.
Ние се уште сме во процес на развивање на нашата игра, но морам да кажам дека добро ни оди. Пет меча и пет победи по ред, а оваа против Македонија е фантастична. Секогаш барам пас-игра до нога и тоа денеска ни успеа“, изјави Де Бјази.
„Македонија има индивидуален квалитет и добра екипа. Нас малку ни помогна и црвениот картон. Мислам дека имате добра иднина“, додаде Италијанецот.