Македонија не само што не успеа да победи на втората ноемвриска контрола денеска против Азербејџан, туку беше поразена со 1:3. Реално и искрено, освен во ретки моменти, Македонија одигра слабо, да не кажеме лошо, имавме водство, но оваа Македонија не личи на себе. Барем на денешниот меч.
Иако и денеска не можевме да сметаме на повеќе клучни играчи, сепак мораме, мораме многу подобро.
Март и стартот на квалификациите се блиску.
Барди донесе водство од пенал, но затоа Азербејџан одигра поквалитетно и заслужено победи.
Веднаш се виде, уште на стартот од мечот дека Азербејџан нималку не е наивна екипа, напротив. Гостите инсистираа веднаш да дојде до поседот, имаше комбинации, но сепак Македонија беше поопасна во таа прва фаза. Елмас во 6.минута од лево опасно се закани, но немаше среќа, за малку беше непрецизен. Неколку минути подоцна нова шанса, Елмас од корнер нафрли, гостинскиот голман киксираше, а Николов не успеа да се снајде и да ја погоди празната мрежа. И конечно гол. Елмас убаво се снајде во гостинскиот шеснасетник, го “натера“ Исаев да го фаулира а за судијата Јорги Енеа од Албанија немаше дилеми дека тоа е пенал.
Барди вообичаено беше сигурен за водство од 1:0 за Македонија.
Во 38.минута Азеребејџан израмни на 1:1, откако Јафаргулиев максимално прецизно го погоди левиот долен агол на немоќниот Шишковски.
До крајот на полувремето и двете селекции имаа по една голема шанса, посебно онаа на Несторовски беше изгледна, но неговиот шут со глава за малку беше непрецизен.
Па така со тие 1:1 се замина на пауза.
МАКЕДОНИЈА СО ИГРАЧ ПОМАЛКУ, НИКОЛОВ ДОБИ ЦРВЕН
Никако не почна најдобро вториот дел за момците на Милевски. Не само што гостите покажаа амбиција за напад, туку во 52.минута останавме и со играч помалку. Николов доби втор жолт, односно црвен и Македонија остана со играч помалку на влажниот терен на Арената во Скопје.
Сето тоа го искористи Азербејџан, селекција која во 65.минута постигна гол за 1:2. По нафрлената топка од корнер, Гурбанли со глава успеа да ја затресе нашата мрежа.
Лошо, лошо игра Македонија во овој период, во кој останавме со играч помалку.
Македонија беше во дефанзија, гостите напаѓаа, се закануваа, а ние се обидувавме од контри да дојдеме до израмнување на резултатот, но се беше бадијала.
НЕКОРЕКТНИ ГОСТИ….“БОМБА“ НА АТАНАСОВ
Во 75. минута силите на теренот беа израмнети. Хагверди доби директен црвен картон зошто неспортски стартуваше, опасни статруваше врз Етеми а за судијата Енеа немаше дилеми дека Азербејџанецот треба да добие исклучување.
Следуваше експресна реакција на селекторот Милевски кој во игра внесе три нови играчи, и тоа Дор. Бабунски, Димоски и Бејтулаи, а ги извади Елмас, Ристовски и Ашковски.
Штета, во 80.минута Јани Атанасов испрати “бомба“ кон гостинскиот гол, но ја погоди пречката.
Фантастичен шут, но немавме среќа.
Во 83.минута во игра влезе Мартин Мирчевски, ова е негово деби во А-репрезентацијата.
Нова пречка, овојпат на Барди, навистина немавме среќа.
Затоа на спротивната страна Шејдаев стрела прецизно за 1:3.
Пријателски натпревар:
МАКЕДОНИЈА – АЗЕРБЕЈЏАН 1:3 (1:1)
Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Јорги Енеа (Албанија). Стрелци: Барди (п) 25. (МАК), Јафаргулиев 38., Гурбанли 65., Шејдаев 88. (АЗЕ). Ж. Картони: Николов, Елмас (МАК), Мустафазаде, Махмудов(АЗЕ). Ц. Картони: Николов 52. (МАК).
МАКЕДОНИЈА: Шишковски, Ашковски (78. Бејтулаи), Серафимов, Муслиу, Ристовски (78. Дор. Бабунски), Дав.Бабунски (56. Етеми), Барди, Николов, Елмас (78. Димоски), Несторовски (55. Атанасов), Дориев (83. Мирчевски).
Селектор: Благоја Милевски.
АЗЕРБЕЈЏАН: Магомедалиев, Хагверди, Мустафазаде, Хасанализада, Јафаргулиев (82. Салахди), Алмеида (82.Алиев), Махмудов, Кокчу (59. Емрели), Исаев (59. Јамулов), Шејдаев, Гурбанли.
Селектор: Џани де Бјази.
North Macedonia [1] – 0 Azerbaijan – E.Bardhi 25′
Nov 20, 2022
North Macedonia 1 – [1] Azerbaijan – E.Cafarguliyev 38′
Nov 20, 2022
North Macedonia 1 – [2] Azerbaijan – M.Qurbanly 65′
Nov 20, 2022
North Macedonia 1 – [3] Azerbaijan – R.Sheydayev 89′
Nov 20, 2022