СПОРТМЕДИА во Љубљана, Марија Ковачева
Црна Гора приреди сензација во последниот ден од Европското првенство. Оваа репрезентација беше најмотивирана кога беше најпотребно, водена од своите фанови кои дефинитивно го одбележаа овој шампионат, го совлада актуелниот олимписки првак, Франција со 27-25 и се закити со бронзен медал.
Ова беше посебен меч за Јованка Радичевиќ. Екс-вардарката го одигра последното танго во националниот дрес, а не можеше да посака подобар крај. Сонот стана реалност, не само што нејзината Црна Гора се најде на завршница на Европското првенство, туку си оди со медал. Бронзата на градите е како злато за Радичевиќ и нејзините соиграчи, покажаа дека фаворитите не секогаш победуваат.
На крајот, солзите беа неизбежни, Јованка не издржа ја совладаа емоциите, нејзиното срце беше исполнето. Битката за бронза ја заврши со шест гола.
Final buzzer in Ljubljana!! 🎉 @rukometnisavez get the 3rd place of the #ehfeuro2022🥉 #ehfeur2022 | #playwithheart pic.twitter.com/8pPnVAucTB
— EHF EURO (@EHFEURO) November 20, 2022