Пет меча во серија Македонија нема победа, и не само што нема победа туку денеска на Арената во Скопје, на пријателскиот меч со Азербејџан, го доживеа четвртиот пораз и тоа со 1:3. А на тие пет мечеви сме постигнале само два гола, и двата на Барди и двата од пенал.
Јасно е дека треба да бидеме загрижени, не оди па не оди. Последен пат се радувавме во јуни и тор против Гибралтар. Од тогаш наваму само разочарувања.
Затоа ноември треба да се заборави, сите лоши работи, а ги има многу, да се елиминираат зошто веќе за неколку месеци не чека дуелот со Малта и стартот на квалификациите за ЕВРО 2024.