Меси и Роналдо заедно пред стартот на СП, оваа слика го урна интернетот!

823

Светското првенство во Катар започнува во 17 часот, а Лионел Меси и Кристијано Роналдо го „урнаа“ интернетот со една слика на само ден пред почетокот на Мундијалот. Станува збор за слика која и двајцата ја објавија на своите профили на Инстаграм, а на неа се гледа како заедно играат шах.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

„Победата е состојба на умот“, напишаа и двајцата со објавата, а потоа го означија „Луј Витон“, познат бренд за луксузна облека. Но, која е поентата?

Навивачите брзо ја открија тајната на сликата зошто Меси и Роналдо играат шах на чанти од Луј Витон! Тоа е всушност торбичка во која ќе се чува трофејот за време на Светското првенство. Во таква торба трофејот беше носен и пред четири години.

На двата профила сликата е лајкувана по 50.000.000 пати, а Мундијалот во Катар веројатно ќе биде последна шанса за двата великани да го освојат Мундијалот. Меси најави дека нема да игра на следниот Мундијал, а Кристијано иако не зборуваше за тоа, има 37 години и прашање е дали воопшто ќе игра фудбал за четири години.

ПретходноТен Хаг направил список од 5 имиња кои на лето мора да си заминат
СледноБензема со емотивна објава: Никогаш не се откажувам, но сега мора да го препуштам местото!