Морган Фримен во главна улога на отворањето на СП (видео)

221

На стадионот „Ал Бајт“ беше отворено Светското фудбалско првенство 2022 година. Воведниот збор на отворањето му припадна на глумецот Морган Фримен, кој апсолутно знае како да го придобие вниманието до последното место на исполнетиот стадион.

Потоа беше презентирана химната на ова СП „Сонувачи“ кои ја испеаја Јунг Јунгкук и Фахад Ал Кубаиси.

На крај се обрати и директорот на СП, Насер Ал Катер.

Oд Катар им посакувам добредојде на СП 2022. Работевме напорно, заедно со многу луѓе да го организираме едно од најдобрите СП во историјата. Конечно, дојде и тој ден. Ова е денот кој сите го чекавме. Пред нас е величенствен фудбалски фестивал. Луѓе од различни нации, вери ќе се соберат во оваа земја. Убаво е што луѓето сите свои разлики ќе ги стават на страна и заедно ќе слават. Фудбалот го спојува неспоивото. На сите учесници им посакувам добра игра и добра претстава. Се да помине како што треба и за нас и за нашите гости. Добредојдовте“, изјави Ал Катер.

ПретходноЛоша Македонија: Грижите останаа, пет меча во серија без радост! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноНАТО го обезбедува Мундијалот, илјадници специјалци од 13 земји…