Светскиот шампион Макс Верстапен ја заврши сезоната со 15-та победа откако триумфираше на ГП во Абу Даби со што е спуштена завесата на шампионатот за 2022 година. Втор на патеката „Јас Марина“ финишира Шарл Леклер од Ферари што му го донесе и второто место во конечниот пласман во Ф1 за оваа сезона, а трет на подиумот се искачи Серхио Перес, кој за разлика од првите двајца имаше стратегија со две запирања во боксот.
На крај Мексиканецот задоцни 1,3 секунди од Леклер и од вицешампионската титула за 2022 година.