Новак: Знам како е да немаш ништо, секој долар, секое евро е заработено со многу пот, со многу солзи!

326

По пишувањето на светските медиуми дека Новак Ѓоковиќ досега во својата кариера, само од тенисот, заработил 160 милиони долари, се огласи и самиот тенисер, кој веројатно е најдобриот во историјата на овој спорт.

Нормално, сега се е јавно и луѓето можат да видат колку заработуваме, иако се заборава да се каже дека на тие суми има и разни порези, но во ред. Сега не можам да говорам за парите како еден од проблемите во мојот живот. Јас сум многу благословен и среќен на се она што го постигнав. Сето тоа доаѓа како последица на тенисот и успехот кој го постигнав, заедно со моето семејство“ истакна Србинот.

Потоа тој додаде дека не било баш така супер отсекогаш, посебно кога бил мал…

Секој долар, секое евро е заработено со многу напорна работа, со многу пот, со многу солзи. Знам како е да немаш ништо. Војна, санкции, петчлено семејство. Да не заборавиме од каде доаѓам. Па така ја знам ситуацијата и од другата страна. А тоа ми помага да повеќе ги почитувам се она што сум заработил“ заврши Ѓоковиќ.

Вечерва од 19 часот во Торино, Новак во финалето на Завршниот мастер се среќава со Каспер Руд, во случај на победа тој ќе заработи уште 4 милиони евра и ќе освои уште една титула.

ПретходноДеветта титула за Норвешка или четврта за Данска?
СледноАнглија ќе добие 13 милиони фунти доколку стане светски шампион, но најголемиот бонус ќе имаат Бразилците