Познат Ол-стар тимот на ЕУРО 2022: МВП признанието оди во Норвешка!

105

СПОРТМЕДИА во Љубљана, Марија Ковачева

Европското првенство и официјално завршува денеска. Медалите ќе бидат доделени во Љубљана, во салата „Стожице“ во битката за титулата ќе се борат Норвешка и Данска (20:30 часот), додека претходно Црна Гора и Франција по вторпат на овој шампионат ќе ги одмерат силите за бронзата.

Пред почетокот на овие натпревари ЕХФ го објави Ол-Стар тимот, како и добитникот на МВП признанието.

За најкорисна ракометарка на ЕУРО 2022 е избрана Норвежанката, Хени Рајстад, додека во Ол-стар тимот се најдоа Јованка Радичевиќ од Црна Гора, како и Кристина Неагу од Романија. Од Данска се левото крило Ема Фрис, и најдобриот дефанзивец Катрин Хејндал, додека Франција ги има голманката Клеопатра Дарло и пикерот Паулета Фопа, додека пак од Норвешка е централниот бек Стине Офтедал.

ПретходноФилип Миркуловски прв тренер на Вецлар!
СледноПознат е стартниот состав: Дориев, Нестор, Елмас во нападот, на голот Шишковски…