Прво полувреме: Одбраната збунета, Азербејџан успеа да израмни на 1:1 (видео)

263

Крај на првото полувреме на пријателскиот меч меѓу Македонија и Азербејџан во Скопје. Резултатот 1:1 сосема заслужено со оглед на шансите на двете екипи по првите 45 минути. Мечот се игра во тешки услови, дожд и лизгав терен, па фудбалерите на двете екипи играат внимателно и без преголем ризик за повреди.

Македонија поведе во 25 минута. Елиф Елмас се обиде да нафрли но беше блокиран, потоа влезе во дуел со противничкиот фудбалер Исајев кој направи прекршок. Судијата покажа на белата точка, а Енис Барди погоди.

Азербејџан успеа да изедначи и тоа само десеттина минути подоцна. Во мешаницата пред нашиот гол, топката дојде до Јафаргулиев со шут по земја од 14-тина метри го совлада Шишковски на нашиот гол.

Во 45 минута убава можност пропушта македонскиот тим. Ристовски нафрли од десно, а Несторовски биеше со глава но топката заврши покрај голот.

 

North Macedonia [1] – 0 Azerbaijan – E.Bardhi 25′

Nov 20, 2022

North Macedonia 1 – [1] Azerbaijan – E.Cafarguliyev 38′

Nov 20, 2022

ПретходноМакедонија води: Елмас изнуди пенал, Барди ја тресе мрежата (видео)
СледноУ-19: Норвешка иако играше речиси цел меч со играч помалку беше пресилна за Македонија!