Една од најмаркантните личности во светот на фудбалот изминатите децении, бразилецот Роналдо во изјава дадена за медиумите пред стартот на Мундијалот во Катар истакна дека неговата репрезентација едноставно има обврска да го ја победи Србија една од селекциитер која ветува многу
„Историјата вели дека ако стартуваме добро, дека добро и ќе се заврши за нас. Многу е важен првиот меч на вакви турнири. Затоа имаме обврска да ја победиме Србија, на самиот старт. Не би требало да имаме проблеми во групната фаза, затоа што реално правиот Мундијал стартува во елиминациите. Во прашање се две различни нешта. Ако се гледа реалниот квалитет во групата треба да имаме три победи“ – изјави Роналдо.