Македонија – Норвешка 2:6 (2:4) е епилогот од квалификацискиот меч од 2.коло за ЕП во групата во Скопје за пласман во елитната фаза за селекции до 19.години.
По поразот од Србија во првото коло, еве денеска нашите надежи загубија и од Норвешка и тоа убедливо, многу убедливо.
Треба да се каже дека гостите одиграа речиси цел меч со играч помалку, Егели во 4.минута беше исклучен, сепак покажа дека е далеку поквалитетен тим од Македонија.
Лудо беше во првите дваесетина минути. Во тој период “паднаа“ четири голови. Македонија поведе со голот на Зенку во 6.минута, Норвешка брзи врати со два гола, потоа уште два за водство од 2:4 со кое се замина на пауза.
Во второто полувреме Енг во 57.минута даде гол за 2:5.
И тоа не беше се од Норвешка, во 67.минута постига уште еден за 2:6.
Македонија мечот го почна со следните единаесетмина: Тасев, Јаневски, Буки, Младеновски, Чајани, Ѓоргиевски, Мурати, Ангелов, Зенку, Чилафи, Трајков.
Уште играа и Османи, Павлески, Елези, Назифи, Софијаноски.
Во вториот меч од оваа група, Србија со 4:0 го победи Сан Марино, селекција која е нашиот ривал во 3.коло.