Филип Миркуловски прв тренер на Вецлар!

190

Филип Миркуловски отвара ново поглавје во својата кариера. Поранешниот македонски репрезентативец ќе биде главен тренер на бундес-лигашот, Вецлар, кој денеска се раздели со Бенџамин Мацке по серијата на лоши резултати.

Миркуловски токму во дресот на овој тим стави крај на кариерата, во последната година беше и како дел од струшниот штаб, а сега веќе ќе ја има главната улога.

Раководството на клубот најави дека е во потрага по нов тренер и дека Муркуловски може да биде одреден период на оваа позиција, заедно со спортскиот директор Јасмин Чамџиќ.

„Ја почнавме потрагата по нов тренер. Едно е сигурно, нема да брзаме со изборот, добро ќе го проучиме пазарот пред да донесеме конечна одлука“, објави менаџинг-директорот на Вецлар, Бјорн Сеип.

 

ПретходноЃорческа најдобра во Ираклион
СледноПознат Ол-стар тимот на ЕУРО 2022: МВП признанието оди во Норвешка!