Еквадор го победи домаќинот Катар со 2:0 на првиот меч од СП кое денеска започна. И веднаш да кажеме дека Катарците испишаа историја, имено тие се први домаќини кои загубиле на првиот меч на еден Мундијал.
Се беше многу решено во првата фаза од средбата, и тоа благодарение на гол – шоуто на Енер Валенсија кој уште во 3.минута стрелаше за водство, но ВАР реагираше и голот беше поништен. Многу врева се дигна во фудбалскиот свет за ова реакција на судиите од Италија, кои се и во ВАР собата, но според новите правила сепак со право бил поништен.
Но тоа не го спречи капитенот на Еквадор во 16.минута да влета во казнетиот простор на домаќинот, тука беше фаулиран од страна гоманот и оправдано беше покажано на бела точка. Токму Валенсија беше сигурен пеналџија за 1:0.
Во 31.минута по асистенцијата на Пресиадо, Валенсија со прекрасен гол зголемува на 2:0.
Да кажеме дека Катар во самиот финиш на првиот дел имаше одлична шанса, но немаше среќа.
Во второто полувреме Еквадор сосема оправдано ја “спушти топката“, повеќе одигра рутински против домашниот состав и успеа да победи и да ги освои првите три бода во групата – А, во која покрај Еквадор и Катар, се и селекциите на Холандија и Сенегал, кои својот меч ќе го одиграат утре.
🇶🇦Qatar 0-1 Ecuador🇪🇨
Enner Valencia 16' (Penalty)#FIFAWorldCup https://t.co/IMbGda8nRt pic.twitter.com/gS1Y1dopih— FIFA WORLD CUP 2022 UPDATE (@WCQatar22update) November 20, 2022
Brilliant Header from a wonderful cross
🇶🇦Qatar 0-2 Ecuador🇪🇨
Enner Valencia 32'#FIFAWorldCup pic.twitter.com/Vx8Glup3D2— FIFA WORLD CUP 2022 UPDATE (@WCQatar22update) November 20, 2022