Италијанскиот спортски весник „Газета дело Спорт“, по повод Светското првенство состави еден „хипотетички југословенски тим“ кој според италијанските новинари ако денеска Југославија беше „жива“ би бил кандидат за светскиот трон.
За жал, новинарите од „Газета“ сметале дека во овој екс-ју тим нема место за ниту еден македонски фудбалер.
Во стартните 11 би биле: Јан Облак (Словенија) како голман, во одбраната: Борна Соса (Хрв), Никола Миленковиќ (Срб), Амир Рахмани (Кос) и Сеад Колашинац (БиХ).
Во средниот ред би биле: Лука Модриќ (Хрв), Марсело Брозовиќ (Хрв) и Стефан Милинковиќ-Савиќ (Срб), додека во нападот тројката би ја сочинувале Бенјамин Шешко (Сло), Душан Влаховиќ (Срб) и Иван Перишиќ (Хрв).
Меѓу резервите „Газета“ ги вброи: Вања Милинковиќ-Савиќ (Србија), Стојановиќ (Словенија), Ловрен (Хрватска), Павловиќ (Србија), Бијол (Словенија), Дедиќ (БиХ), Ковачиќ (Хрватска), Пјаниќ (БиХ), Костиќ (Србија), Зајц (Словенија), Пашалиќ (Хрватска), Лукиќ (Србија), Митровиќ (Србија), Оршиќ (Хрватска), Џеко (БиХ), Тадиќ (Србија), Јовиќ (Србија).