КАТАР 2022: Стартува фудбалското „ЛУДИЛО“!

354

 

Денеска со свеченото отворање (15:45 ч) и првиот меч (17:00 ч) меѓу Катар и Еквадор, почнува 22. СП во фудбал. Почнува шоуто наречено Катар 2022. Ова ќе биде најконтроверзниот Мундијал, единствен кој ќе биде во зима, посебен зошто нема да се точи алкохол, и запаметен како Мундијал на кој ќе им биде последен на Меси, Роналдо, Модриќ и на уште неколкумина.

Во очекување на вестите од светот како некој си ја фрлил жената од тераса, како некој си го скршил телевизорот, како голманите не се задоволни од новата топка, како ова, како она и се што е вообичаено за секој Мундијал, конечно ова е моментот кога малку ќе престанеме да мислиме на тешката криза во светот, на војната агресија на Русија врз Украина, на се она што го мачи обичниот човек.

Време е за Меси, Роналдо, Мбапе, Нејмар…време е за вечната битка на Европа и Ј. Америка. Секој си има свој фаворит, титулата ја брани Франција, а Балканот ќе навива за Хрватска и Србија, сепак крвта не е вода што би се рекло.

Од Монтевидео и Уругвај па се до Доха и Катар. Ова ќе биде најскапиот Мундијал во историјата, рековме веќе најконтроверзниот. Е, па нека биде фудбал, нека биде фудбалско уживање.

Распоредот е познат, осум групи со по четири репрезентации, двете најдобри ќе одат во осминафиналето.

Ќе има еуфорија, солзи, ќе има радости и разочарувања, но најважно е што ќе има Мундијал,па макар и во Катар.

Уживајте…во магијата наречена ФУДБАЛ.

Некој некогаш кажал фудбалот е најважната споредна работа во светот. Тука се излажал.

Фудбалот е најважната работа, никако споредна.

 

 

ГРУПА-А

Катар, Еквадор, Сенегал, Холандија

ГРУПА-Б

Англија, Иран, САД, Велс

ГРУПА-Ц

Аргентина, С. Арабија, Мексико, Полска

ГРУПА-Д

Франција, Австралија, Данска,Тунис

ГРУПА-Е

Шпанија, Костарика, Германија, Јапонија

ГРУПА-Ф

Белгија, Канада, Мароко, Хрватска

ГРУПА-Г

Бразил, Србија, Швајцарија, Камерун,

ГРУПА-Х

Португалија, Гана, Уругвај, Ј.Кореја

ПретходноМакедонијо, време е за победа!
СледноМакедонскиот тандем повторно причина за радост во Ваљадолид