Познат е стартниот состав: Дориев, Нестор, Елмас во нападот, на голот Шишковски…

429

На околу еден час до стартот на контролата со Азербејџан, селекторот Благоја Милевски ги откри оние единаесет кои ќе бидат стартери за овој последен натпревар во 2022 година.

Тоа се: Шишковски, Ристовски, Серафимов, Муслиу, Ашковски, Дав. Бабунски, Барди, Николов, Елмас, Несторовски и Дориев.

Формацијата е 4-3-3.

Значи Шишковски ќе биде на голот место Димитриевски, Ашковски место Алиоски во однос на дуелот со Финска, а шанса да настапат од првата минута добија и Давид Бабунски и Љупче Дориев.

ПретходноПознат Ол-стар тимот на ЕУРО 2022: МВП признанието оди во Норвешка!
СледноДеветта титула за Норвешка или четврта за Данска?