Струга со убедлива победа среде Прилеп!

65

Во меч од 11.коло во рамките на групата – А во ракометната Суперлига, Струга како гостин успеа убедливо да слави против домашниот состав на Прилеп со 21:28 (10:14). Апсолутно заслужен триумф на гостите кои во текот на целиот меч, освен на стартот, ги диктираа настаните на овој натпревар.

Ова е петти триумф на Струга сезонава, а за Прилеп осми пораз.

Блажески со седум голови беше најефикасен кај победничкиот тим, Бугариновиќ и Цветаноски постигнаа по шест.

ПретходноЕквадорците скандираа: „Сакаме пиво, сакаме пиво…..!“ (ВИДЕО)
СледноКаков меч во „Стожице“: Олимпискиот првак на колена, бронзата за Радичевиќ и Црна Гора