Уште едно специјално признание за РФМ и Мукаетов од ЕХФ (ФОТО)

284

СПОРТМЕДИА во Љубљана, Марија Ковачева

Завесата на Европското првенство во женска конкуренција и официјално е спуштена. Златниот медал отиде во рацете на старо-новиот првак Норвешка. Оваа репрезентација во финалето ја совлада Данска со 27-25 и потврди зошто доминира во Европа.

Пред свечената церемонија на доделување на медалите, ЕХФ им додели ново признание на земјите домаќини на овој евро-шампионат. Првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов и сите кои беа дел од организацијата имаат зошто да бидат горди, Македонија се покажа како одличен домаќин.

Мукаетов им ги додели и сребрените медали на данските ракометарки.

ПретходноЛудиот Енер: Рекордер кој и избега на полицијата со возило за прва помош!
СледноФИФА не и дава на Англија да носи капитенска лента со боите на виножитото