Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг зборуваше за својата иднина и моменталната ситуација во редовите на каталонскиот тим. Тој беше поврзуван со трансфер во текот на летото, но не сакаше да го напушти „Ноу Камп“ и покрај тоа што беше во втор план кај Чави. Сепак, Де Јонг остана и оваа сезона се почесто е на терен и се гледа себе си во Барса во наредните години.
„Среќен сум во Барселона. Животот е прекрасен. Се гледам себе си долго во Барселона. Лично, се надевам на престој во клубот уште 8 до 10 години“, вели Холанѓанецот кој продолжи.
„Еден ден еден весник ги објави деталите од мојот договор. Не ги открив јас, само една страна знаеше за тоа, па тоа сигурно било од клубот. Одеднаш имаше писмо во кое се прашуваше дали мојот договор сè уште е валиден затоа што претходниот претседател го направи овој договор. Навистина ме нервира што клубот го направи ова.
Ги обвинувам оние луѓе во Барселона кои сакаа да заминам. Да, тие се Барселона за мене затоа што го водат клубот. Така сакале, тоа е нивна одлука. Од друга страна јас не се ни замарам со нив. Не се ни гледам со нив кога сум на теренот. Тие не постојат во мојот секојдневен живот“, ја цитира Де Телеграф изјавата на Френки де Јонг.
Оваа сезона Френки де Јонг одигра 17 натпревари за Барселона, постигнувајќи два гола и една асистенција.