Нашата тенисерка Лина Ѓорческа го освои фјучерс турнирот во Ираклион, Грција откако во финалето ја совлада романката Мириам Булгару.
Ѓорческа славеше во финалето со конечни 2:0, по сетови 6:3, 6:4, и на тој начин дојде до уште еден трофеј во кариерата.
Во дуел кој траше скоро два часа траеше финалето на теренот Сакари, битка во која Лина освои 13 поени повеќе од Романката (75-62), имаше подобра реализација на брејк топките (5/10 наспроти 3/7) за конечни на крајот 6-3 и 6-4.