Англичаните се снајдоа за алкохол, налетале на син на локален шеик во Катар (ВИДЕО)

610

Англиските навивачи доживеаја големо разочарување кога Катар реши да ја забрани продажбата на алкохол непосредно пред почетокот на Светското првенство.

Тоа значи дека трезвено ќе мораат да ги гледаат натпреварите, што не им се допадна, па дел од нив тргнале во акција по улиците на Катар, за да добијат алкохол.

Наводно успеале во тоа. Неколку од нив наводно го добиле тоа што го барале.

„Само добро се забавувавме, се зезавме, ја најдовме локацијата и уживавме“, рече прилично пијаниот Алекс и продолжи:

„Побаравме пиво и рекоа дека ќе се погрижат за тоа. Скокнавме во неговиот џип и завршивме во огромна палата. Ни покажа мајмуни, егзотични птици. Беше навистина лудо“, тврди овој навивач на репрезентацијата на Англија.

Неговиот пријател Џон тврди дека тој што ги „почестил“ бил син на локален шеик.

„Се сретнавме со син на шеик. Тој не одведе во неговата палата и ни ги покажа лавовите и сè. Тие ни приредија одлично добредојде и погледнаа наоколу, не станува ништо подобро од ова. 

Не ги слушајте тие глупавите медиуми кои постојано зборуваат срања за оваа нација. Зар Велика Британија и Соединетите Американски Држави се најголемите прекршители на човековите права? Арапите срдечно не пречека. Секоја почит“, напиша Џон. 

ПретходноПо заканите од Јунајтед, Роналдо упати јасна порака до челниците на клубот!
СледноРуни: Меси би ми бил стартер, Кејн на клупата, а Роналдо би го отстранил!