Пресметката меѓу Лука Дончиќ и Никола Јокиќ во НБА-лигата сепак не се случи. Српскиот репрезентативец се уште се опоравува од коронавирус, но тоа пак не беше пречка за да неговиот тим Денвер слави против Далас со минимални 98-97. Словенецот во последната секунда од пола терен се обиде да приреди чудо, но не успеа.
На крајот Дончиќ мечот го заврши со 22 поени, имаше девет скока и осум асистенции, што пак беше еден од наслабите учиноци оваа сезона. Хиланд со 29 поени беше најдобар кај Денвер.
Кајри Ирвинг се врати во редовите на Бруклин по суспензијата, му помогна на својот тим да слави против Мемфис со 127-115 постигнувајќи 14 поени. Кевин Дурент имаше 26 поени.
Резултати: Сакраменто – Детроит 137-129, Вашингтон = Шарлот 106-102, Бруклин – Мемфис 127-115, Кливленд – Мајами 113-87, Хјустон – Голден стејт 120-127, Далас – Денвер 97-98, ЛА Лејкерс – Сан Антонио 123-92.