КФСМ доби организација на две Европски младински првенства

124

Бордот на европската кошаркарска федерација, одржан денеска во Париз, донесе одлука и во наредната календарска, 2023 година, Македонија да биде во улога на домаќин на две Европски првенства во млади категории.

Нашата федерација ќе го организира Европското првенство за кошаркари „Под 20“ години, од Дивизијата „Б“, кое е планирано да се одржи во периодот од 7. до 16. јули, 2023 година, а град домаќин ќе биде Скопје.

По одличната реализација на двете првенства во текот на изминатото лето, Скопје ќе ги пречека и најдобрите млади кошаркари „Под 16“ години од Дивизијата „А“. Шампионатот ќе се одигра во периодот од 5. до 13. август.

ПретходноБејл од пенал обезбеди реми за Велс во дуелот со Американците (ВИДЕО)
СледноХоланѓаните ќе ги донираат дресовите за помош на работниците мигранти во Катар