Холандија со два гола во финишот го победи Сенегал (видео)

200

Иако Сенегал играше без најголемата ѕвезда Садио Мане, добро и парираше на Холандија во мечот од 1. коло од групата А на Светското првенство. Сепак, африканската селекција доживеа пораз со 2:0 и тоа со голови во завршниот дел од мечот. Иако добро им парираа на „лалињата“ не успеаја да издржат до крај.

Во 84 минута уфрли Де Јонг, а навреме втрча Коди Гакпо и постигна гол кој го отвори резултатот. И кога се чекаше последниот свиреж на судијата во деветтата минута од продолжението Дејви Класен го совлада Менди и го постави конечниот резултат.

На голот на Холандија беше дебитантот Ноперт кој имаше неколку добри интервенции, посебно во 65 и 73 минута, па покажа дека селекторот Ван Гал направил добар избор на чувари на мрежата. И Холандија имаше свои можности преку Френки де Јонг во првото и Ван Дајк на почетокот на вториот дел.

Senegal 0 – [1] Netherlands – Cody Gakpo 84′

Nov 22, 2022

Senegal 0 – [2] Netherlands – Davy Klaassen 90 9′

Nov 22, 2022

ПретходноКвеироз збесна: „Не ни требате, подобро останете си дома!“
СледноВака Бразил се подготвува за дуелот со Србија! (ВИДЕО)