Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ го победи Норвежанецот, Каспер Руд во финалето на Мастерсот во Торино и дојде до шестата титула на завршните турнири меѓу најдобрите осум светски тенисери.
На крајот на мечот, Ѓоковиќ се сретна со македонските фанови и испрати голема благодарност до сите за поддршката која му ја пружаат постојано. Ноле е голем фан на сите Македонци.