Велс и САД го одиграа првиот меч без победник на годинешното СП во Катар. Во еден интересен меч во кој двете репрезентации поделија по едно полувреме, на крајот следуваше и поделба на бодовите.
Американците беа подобри во првите 45 минути, кога со голот на Тимоти Веа успеаја да дојдат до предност од 1:0 (36. минута).
Во вториот дел Велс притисна, Американците калкулираа и дозволија во 82. минута да направат една грешка, која ги чинеше можеби и победа.
Бејл беше соборен во казнениот простор на САД, а судијата Ал Јасим од Катар покажа сосема оправдано на белата точка. Најголемата ѕвезда на Велшаните погоди за 1:1.
Во следната рунда во групата „Б“, САД играат со Англија, додека Велс ќе се сретне со Иран.