Валтер и Пешевски пред дуелот со Фуксе Берлин: Е. Пелистер ќе го даде најдоброто од себе!

108

Утре во Битола, со почеток од 18:45 во салата “Боро Чурлевски“, Е. Пелистер во меч од 4.коло во ракометната Европска лига, го дочекува тимот на Фуксе Берлин. Битолчани ќе имаат исклучително тешка задача да дојдат до донар резултат, сепак и покрај квалитетот на германскиот тим провејува надежта дека со помош на домашната публика ќе може да се изненади.

За тоа што може Е. Пелистер, свој коментар има Ларс Валтер, стратегот на нашиот тим.

Имаме многу проблеми во овој момент. Суси само што се оперираше, Руди чека на операција и дава 200% од себе. Чувствува болка, но уште игра. Хосни е надвор од тимот, Костески против Радовиш не настапи, Себастијан Хенеберг е пак со нас по една недела болест.

Не знам колку од овие момци ќе играат во вторник. Ни треба поддршка, затоа што ќе биде тешко. Ќе дадеме што имаме и верувам дека со помошта на луѓето во Битола ќе бидеме достојни. Ќе биде многу тешко, Фуксе Берлин е број еден во Бундеслигата, брз тим се. Играа во неделата и можеби нема да бидат во полна сила. Два дена по нашиот натпревар имаат натпревар со Рајн Некар Левен. Можеби тука е нашата шанса. Можеби 10% ќе бидат послаби, ќе бидат уморни, ќе мислат на следниот натпревар. Ние треба да го дадеме најдоброто од нас, да одиграме шеесет минути и ако го направиме тоа – можеби ќе извлечеме нешто. Во оваа сала сè е можно!“ заклучи Валтер.

No description available.

Жарко Пешевски, еден од адутите на Е. Пелистер смета дека утре битолчани ќе имаат екстремно силен тим:

По кратка пауза ни доаѓа еден екстремно силен тим од Бундеслигата. Фуксе Берлин оваа година е конкурент за освојување на шампионатот на Германија и конкурент за трофејот од Европската лига. Се подготвуваме максимално, ваков натпревар се игра пред полни трибини и тоа е мотив плус за нас. Имаме проблеми со повредени ракометари, но во вторник ќе се консолидираме и ќе го дадеме најдоброто од себе“.

Сепак репрезентативецот верува дека може да се дојде до изненадување и со тоа да се израдува битолската публика:

Фуксе Берлин е склоп на ѕвезди, германски репрезентативци и интернационалци. Мислам дека се конкуренти за сите титули, играат брз ракомет, имаат одлична одбрана, потпомогнати со добри голмани. Тука е Милосављев, кој мислам дека две години е најдобар голман во Бундеслигата. Тие се сериозна екипа и треба и ние да сме подготвени, да имаме среќен ден и поддршка од публиката. Така може да ја израдуваме битолската публика и да направиме чекор напред во групата. Секој натпревар е ново докажување, нова шанса за одличен натпревар. Имаат густ натпревар, играат секој втор ден, патуваат… Во Битола нема натпревар без притисок, така ќе биде и во вторник, но со мирна глава и добра подготовка имаме наша шанса.“.

ПретходноДенеска на Мундијалот: Англија посакува сигурен старт, дербито е Сенегал – Холандија, Велс против САД!
СледноДефинитивно: Нема да се носат капитенски ленти „ONE LOVE“!