Врсаљко по само неколку месеци „раскина“ со Олимпијакос

144

Хрватскиот интернационалец Шиме Врсаљко го напушта грчкиот Олимпијакос по само неколку месеци и само девет одиграни натпревари во кои не успеа да постигне ниту еден гол ниту да впише асистенција.

Поранешниот фудбалер на Атлетико има проблеми со повреди и не може да фати ритам, а последниот меч му беше против Нант во последното коло од групата во Лига Европа. Од клубот сметаат дека Врсаљко нема што да понуди и најдобро е двете страни да ја раскинат соработката.

Па така Врсаљко, кој играше и за Сасуоло, Џенова и Интер сега е слободен фудбалер и во јануари може да потпише за друг клуб.

 

ПретходноВака Бразил се подготвува за дуелот со Србија! (ВИДЕО)
СледноПу пу неважи: Нема пари за Вардар од Град Скопје