Голеада во Доха: Англичаните покажаа сила на стартот од Мундијалот! (ВИДЕО)

139

 

На својот прв меч на СП во Катар, денеска во Доха, селекцијата на Англија одигра квалитетно и успеа со 6:2 да ја победи репрезентацијата на Иран. Вистинска голеада можеше да се види на “Калифа стадионот“ во Доха. Инаку ова беше и прв меч од 1.коло во Б-групата, каде што се и репрезентациите на САД и Велс.

Можеби се ќе беше поинакку ако Иранците не ги задеси малер уште на почетокот од мечот кога мораа да го заменат првиот голман, кој пак се судри со еден свој дефанзивец.

И тогаш на сцена стапија младите “лавови“ на Англија кои просто блескаа.

Во 35.минута Белингам стрелаше за 1:0, потоа гол даде Сака па и Стерлинг па така со тие 3:0 се замина на пауза.

Во 62.минута Сака постигна уште еден гол за 4:0, преубедливо водство, Иранците не знаеја што се случува со нив. Три минути подоцна Тареми со спектакуларен гол намали на 4:1, за да во 71.минута само што влезе Рашфорд стрелаше за 5:1, а Грилиш во последните секунди даде гол за 6:1.

Во 102.минута, имаше пенал за Иран. Тареми беше стрелец за 6:2.

 

ПретходноВодителка ограбена во Катар, а потоа шок: Затвор или депортација? Бирај! (ВИДЕО)
СледноАнгличаните “лудуваат“ по победата над Иран, а што ли ќе прават ако ја освојат титулата!?(ВИДЕО)