Денеска во рамките на вториот ден од Мундијалот на програмата се три мечеви, од кои еден секако дека е спектакл, оној меѓу Сенегал и Холандија, но да тргнеме по ред.
Во 14 часот во меч од групата – Б, големиот фаворит за висок пласман, селекцијата на Англија за ривал го има составот на Иран. Се знае кој е кој, се знае дека Англичаните сакаат сигурен старт и први три бода, но сепак тешки се овие први мечеви за играње.
Прашање е дали полуфиналистот од минатиот Мундијал ќе игра со најсилен состав или пак ќе експериментира.
Од 17 часот играат Сенегал и Холандија, тоа е тој спектакл кој сите го очекуваме, но за жал без Садио Мане.
Ван Гал не може да смета на повредениот Депај. Можеби Холандија е во мала предност, но Сенегал и без Мане има квалитет да направи проблеми.
И во последниот меч денеска, оној од 20 часот се среќаваат САД и Велс. Интересно ќе биде, посебно ако се знае дека Герет Бејл, првата ѕвезда на Велс, игра во САД и во некоја рака ќе мора против “своите“.
ДВОЈКИ
14:00 Ч
ГРУПА – Б (1.КОЛО)
АНГЛИЈА – ИРАН
-Стадион: Калифа (Доха)
17:00 Ч
ГРУПА – А (1.КОЛО)
СЕНЕГАЛ – ХОЛАНДИЈА
-Стадион: Ал Тумана (Доха)
20:00 Ч
ГРУПА – Б (1.КОЛО)
САД – ВЕЛС
-Стадион: Ахмад бин Али (Ал Рајан)