Димитријевиќ со 13 поени, Уникс повторно слави

100

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ постигна 13 поени во денешната победа на неговиот тим Уникс Казан во рамките на 11. коло од ВТБ лигата. Уникс на домашен терен ја оствари 10-тата победа, откако со 94:86 беше подобар од екипата на Самара.

Нашиот „плеј“ одигра близу 30 минути од мечот во кој имаше 5/8 за два поени и 3/3 од линијата за слободни фрлања.

ПретходноСе јави Колина: Не се чудете, ќе има долги продолженија на полувремињата
СледноБејл од пенал обезбеди реми за Велс во дуелот со Американците (ВИДЕО)