Македонскиот интернационалец Влатко Дробаров кој во јуни дојде како големо засилување во одбраната на Сараево, по пет месеци заминува од сараевскиот клуб.
Како што објавија тамошните медиуми оваа зима ќе си замине од „бордо“ дресот на сараевчани. Дробаров имаше едногодишен договор со Сараево, но по првиот дел од сезоната, тој заминува од клубот. Прекинот на соработката попладнево беше и официјално потврден со клупско соопштение.
Меѓу оние кои исто така е најавено дека ќе си заминат од „Кошево“ е и вториот наш интернационаец, Даниел Аврамовски.