РФМ: Заврши првенството за паметење!

112

Вчера во Љубљана заврши ЕП за жени, во кое и Македонија беше домаќин со натревари одиграни во Скопје. Можеме да се пофалиме, пред се благодарение на РФМ, дека бевме дел од еден голем настан и дека се покажавме каоко добри домаќини.

 

По тој повод со соопштение излезе и Ракометната федерација на Македонија, кое ви го пренесуваме во целост:

Заедно со нашите пријатели од Словенија и Црна Гора, дојдовме до крајот на патувањето наречено #ehfeuro2022 исполнето со високо квалитетен ракомет и возбудливи моменти во духот на мотото на турнирот #playwithheart

Претседателот на ЕХФ, Видерер на церемонијата на затварање на првенството, уште еднаш одаде признание за напорната работа на трите федерации ко-организатори (MKD/SLO/MNE) и вложените напори во насока на овозможување на успешен настан!

Уште еднаш, би сакале искрено да се заблагодариме на Европската Ракометна Федерација, Претседателот Видерер и извршните членови на ЕХФ за довербата дадена на Ракометната федерација на Македонија за ко-организација на ваков голем спортски настан, можеби најголемиот до сега организиран во нашата држава!

May be an image of 2 people, people standing and text that says 'SILVER MEDALLIS EHF EURO'

На церемонијата за затворањето, нашиот Претседател, Живко Мукаетов и првиот Потпретседател на ЕХФ, Предраг Бошковиќ ја имаа честа да ги доделат сребрените медалји на тимот од Данска.

Во име на РФМ, би сакале да им честитаме на сите 16 земји учеснички на турнирот и да им посакаме уште поголем успех во иднина!

May be an image of 3 people, people standing and suit

За крај, би сакале да упатиме искрена благодарност до сите инволвирани во овој потфат:

*40те делегати и членови на извршниот одбор на ЕХФ: Атила Хејм беше отсутен за фотографирањето, Мартин Хауслејтнер, Габриела Хорват, Мате Козма, Дору Симон и Божидар Ѓурковиќ – ви благодариме што од близу ги следевте збиднувањата во Скопје!! (пс: извинете доколку ненамерно сме испуштиле некого )

*Преку 70те волонтери: дечки, одлично сработено;

*Околу 15тина вработени во Федерацијата (не се сите на фотографијата);

*Преку 20 блиски соработници (некои оправдано отсутни)…

ВИСТИНСКИ ДРИМ-ТИМ!! Друштво: ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ!!

A сите наши ракометни пријатели, со нетрпение очекуваме да се видиме на ракометните терени наскоро! До тогаш, остануваме со СПОРТСКИ ПОЗДРАВ!!

EHF EURO

May be an image of 1 person, standing, indoor and text that says 'EHF EURO 2022 EUF EURO 2022'

ПретходноАБА 2: ТФТ вечерва на мегдан со Златибор!
СледноПолувреме: Англија си поигрува со Иран! (ВИДЕО)