Страшни, трагични вести доаѓаат утринава од Моста (БиХ). Имено фудбалер на Зрински, тим од Мостар, извршил самоубиство и тоа фрлајќи се од осми спрат. Станува збор за Швајцарецот Карим Газета, кој имал 27 години.
Карим летоска дошол во Зрински, но настапил само на еден натпревар. Некогаш бил голем талент, играл и за младите селекции на Швајцарија. Мотивот за самоубиството засега не е познат.