Кошаркарите на ТФТ и во третиот настап од новата сезона во АБА 2 лигата претрпеа пораз. Денеска во последниот меч од вториот сезонски турнир во Сараево, екипата на Златибор Чајетина славеше над нашиот преставник со 90:76.
Со тоа Златибор ја прокнижи и третата победа, а ТФТ го запиша третиот пораз. Актуелните шампиони беа подобри во текот на целиот натпревар и овојпат заслужено дојдоа до победа. Водеа со поен по воведната четвртина, 8 на полувремето, а потоа во вториот дел само умешно го приведоа мечот до крај, со ново зголемување на предноста.
Костовски со 12 и Ташковски со 11 поени беа најефикасни кај ТФТ. Кај Златибор одличен меч имаше Ѓуран кој постигна 22 поени.
ТФТ се уште ја чека премиерната победа во ова натпреварување, а нова шанса ќе има во среда против екипата на Крка.