У-21: Македонија утре оди на победа против Србија!

562

Утре со почетпок во 14:30 часот, на стадионот на Анортизис на Кипар, нашата млада репрезентација до 21.година во пријателски натпревар ќе ги одмери силите со соодветната селекција на Србија. Ова ќе биде втор “тест“ за избраниците на селекторот Драган Канатларовски, ако се знае дека пред неколку дена одигравме 1:1 против домашниот состав.

No description available.

Во нашиот табор атмосферата е позитивна, се работи и тренира напорно во очекување на утрешниот меч. Владее оптимизам посебно по добрата игра против домашниот репрезентативен тим која за жал не беше ефектуирана со победа.

Од таборот на нашите надежи се ветува максимално залагање и дека ќе се оди на победа против силниот состав на Србија.

No description available.

ПретходноДефинитивно: Нема да се носат капитенски ленти „ONE LOVE“!
СледноРенџерс со „шут-карта“ за Ван Бронхорст!