Јаневски и Марковски во посета на У21 репрезентацијата

639

Најдобриот македонски тренер Чедомир Јаневски заедно со својот помошник Бојан Марковски беше во посета на У21 репрезентацијата која е на Кипар каде игра пријателски натпревари со соодветната селекција на оваа островска земја.

Денеска во посета на нашите фудбалери беа Јаневски и Марковски кои работат на Кипар па се дружеа со стручниот штаб на У21 селекцијата и со дел од фудбалерите.

Јаневски моментално е тренер на кипарски АЕЛ Лимасол, а претходно работеше во Олимпијакос Никозија, Енозис Паралимни, Етхикос Ахна и е добро познато тренерско име на Кипар.

 

ПретходноШокантно: Јапонските фанови го чистеа ѓубрето кои го оставија Катарците и Еквадорците! (ВИДЕО)
СледноСаутгејт: Одличен почеток, но мораме да бидеме подобри